Македонски граѓани во жариштето на епидемијата – МНР: Нема заболени наши граѓани од коронавирус во Италија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На влезот од изолираните места полициски сужбеници со заштитни маски. На улиците нема жива душа. Се снима од воздух или пак од далечина.

Десет градови и општини во источниот дел од Италија се во изолација. Тоа се места кои се жариштето на заразата. Тука живеат повеќе од 50.000 жители. Тука не може ниту да се влезе, ниту пак да се излезе од територијата. Они кои ќе ги прекршат правилата и ќе бидат приведени, ако полицијата не може сама ќе се вклучи и војската.

Пред мерките да стапат на сила пред маркетите настана голема гужва, бидејќи сите сакаат да обезбедат храна.

„Ве молам бидете трпеливи додека чекате. Ве молам не се туркајте, застанете од оваа страна сите“, истакна полициски службеник.

И пред блокирањето на овие места, граѓаните се замолени да останат во куќите и да избегнуваат контакт со други лица.

Затворени се училиштата, забранети се јавните собири.

„Затворањето на јавните места е добро, бидејќи вирусот не може да се шири“, додава Пиеро Форлео.

Како мерки на претпазливост затворени се училиштата, музаите, театарот, киното.

Откажани се многу фудбалски натпревари, како и карневалот во Венеција.

Во овие делови се наоѓаат над 27.000 Македонци, но нема информација за наши граѓани заболени од коронавирусот. Според последните информации, потврдени се над 160 случаи на заразени од овој смртоносен вирус.

„Сакаме ли Италија да ја направиме како Лазарет? Нема причина за тоа, ниту пак сакаме да  дојдеме до таа точка“, посочи Џузепе Конте.

Надвор од Кина најголем број на заболени од коронавирус забележан е во јужна Кореја. Во целиот хаос кој се случи поради коронавирусот, се случи и пропуст кај властите во Јапонија. Дозволија 23 патници од крузерот да го напуштат истиот по карантинот, но не направиле тестирање, па сега дополнително ќе прават дали патниците имаат коронавирус.