Тројно убиство во Подгорица: Полицијата трага по осомничениот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Тројно убиство ја потресе Подгорица, откако синоќа во населбата Стари Аеродром беа пронајдени три тела на возрасни мажи. Полицијата потврди дека станува збор за насилен чин извршен со ладно оружје и започна интензивна потрага по осомничениот.

Според официјалните информации, идентитетот на жртвите е познат, а првичните наоди укажуваат дека мотивот не е поврзан со криминални групи, туку со лични расправии. Неофицијално, дел од медиумите наведуваат дека меѓу убиените има и браќа од Рожаје.

Како главен осомничен се посочува Вехид Муриќ, по кого полицијата веќе трага и објави негова фотографија. Се сомнева дека злосторството било извршено во изнајмен стан.

Од полицијата информираат дека се ангажирани сите расположливи ресурси за негово пронаоѓање и апсење.

„Сите расположливи капацитети се ставени во функција за лоцирање на лицето. Апелираме до граѓаните, доколку имаат информации, да ги пријават во најблиската полициска станица или на бројот 122. Доколку се најдат во негова близина, да бидат внимателни“, соопштија надлежните.

Истрагата е во тек, а повеќе детали се очекуваат во текот на денот.