Грчките власти одлучија да ги ослободат британските туристи од примената на новиот систем на Европската унија за регистрација на влез и излез (EES), со цел да се намалат толпите и да се олесни пристигнувањето на посетителите пред летната туристичка сезона, објавија денес британските медиуми.
Според Грчката национална туристичка организација, мерката има за цел да обезбеди „побрз и поефикасен влез“ за британските државјани, значително намалувајќи го времето на чекање и намалувајќи го застојот на аеродромите.
Наместо биометриска регистрација, која вклучува земање отпечатоци од прсти и снимање на лицето, британските патници во Грција ќе поминат низ стандардна пасошка контрола со печат на документи, според британскиот Индепендент.
