Иван, Јован, Лука и Јованка ќе продолжат да служат како пример во учебниците и за следната учебна година. Ова го соопшти самиот министер за образование, Јетон Шаќири, образложувајќи дека и во книгите на македонски јазик има примери со албански имиња, но и кај учебниците за други националности. Според Шаќири, ова е концептот на образование во Македонија.
„Како што се Иван и Игор во учебниците на албанскиот јазик, така и Арбен, Илза, Шкроњ се во текстовите на македонскиот јазик. Можете и сами да проверите по математика, јас самиот сум проверил кога се покрена како прашање. Сам ги проверив сите е-книги, има преку 10 страници кои ги најдов. Апелирам и до вас, да видите дека во македонските учебници се земаат ученици Албанци за пример, да беше само Иван во албанските учебници, а Газменд да го немаше, дефинитивно ќе барав поправка, но тоа е ново прашање на подготовка на учебниците, има и имиња од турска националност и други кои се земени како примери“, вели Јетон Шаќири.
Поголемиот дел од учебниците на албански јазик имаат или само еден албански автор или воопшто немаат албански автор, а родителите го покренаа прашањето за дадените примерите на македонски, а не на албански јазик откако беа дистрибуирани учебниците.
