Македонските ракометари ја победија Грција во вториот меѓусебен контролен натпревар

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

 Македонската ракометна репрезентација забележа победа над Грција со 23:22, вечерва во вториот меѓусебен натпревар одигран во Солун во рамките на ЕХФ-неделата.

Избраниците на Кирил Лазаров успеаја да победат и покрај помошта што ја имаа Грците од домашните судии кои во неколку наврати донесоа очигледни одлуки на штета на Македонците.

Вчера, првиот натпревар меѓу двете репрезентации одигран исто така во Солун, заврши без побединик 29:29.

Македонската репрезентација во јануари следната година ќе настапи на Европското првенство во Германија, па овие два натпревара беа убава можност селекторот Лазаров да испроба некои варијанти.