Македонските ракометари вчера ја забележаа втората победа на Светското првенство. Сега се чека уште последното коло во кое нашата селекција игра против фаворитот Франција.
Иако пласманот во 1/4 финалето е сведен само на теорија за Македонија, сепак, постојат само две варијанти.
И во двата случаи Македонија мора да ја совлада Франција, а потоа да чека разврска на другите натпревари.
Французите се веќе со заверена прва позиција, не може никој да ги стигне, па тоа е на некој начин олеснителна околност за нашата репрезентација.
Првата варијанта е Македонија да ја победи Франција, а Холандија да одигра нерешено или да загуби од Австрија, и Унгарија да ремизира или загуби од Катар.
Втората варијанта е Македонија да игра нерешено со Франција, а Холандија и Унгарија да загубат од Австрија и од Катар, и тука би одлучувала гол разликата.
ИЗВОР: Екипа
