Македонските репрезентативци против Лихтенштајн во темни дресови во знак на почит и сочувство за Кочани

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Македонската фудбалска репрезентација денеска пред натпреварот против Лихтенштајн ќе се појави со темна боја на дресови.

Тие со ова ќе оддадат почит и длабоко сочувство за загинатите и повредените во трагедијата која се случи во дискотека во Кочани.

Тие важат за големи фаворити на квалификацискиот натпревар против Лихтенштајн, а играчите ќе се обидат да извојуваат важна победа која ќе биде посветена на цела Македонија.