Државјаните на Македонија ја користат можноста да се вакцинираат во Србија каде што во тек е вакцинацијата. Тоа го прават оние државјани кои поседуваат и српски пасош, а оние кои го немаат, купуваат српски телефонски број, кој е задолжителен при потполнување на пријавата. Најчесто се бира Врање како пункт за вакцинација, а тоа го користат и да го посетат и новоотворениот трговски центар.
Пријавата е по електронски пат. Ова се прави откако во Македонија и натаму нема вакцини и не е почната имунизацијата.
Од друга страна, властите на Србија апелираат да се почитуваат мерките, особено во Врање, каде што се забележани поголеми фрекфенции на луѓе, особено во хипермаркетите и во новиот трговски центар.
Ова го апелираше директорот на Институтот за јавно здравје во Врање, Слаѓан Станковиќ.
„Бараме засилена контрола на епидемиолошките мерки, особено во хипермаркетите, кои се опседнати од купувачи од Северна Македонија“, порача Станковиќ.
