Макрон најави рекордни 93 милијарди евра странски инвестиции во Франција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека во рамки на инвестицискиот самит „Избери Франција“ (Choose France) се договорени рекордни странски инвестиции во вредност од 93 милијарди евра, кои ќе отворат повеќе од 15.000 нови работни места во земјата.

Според неговите зборови, договорени се вкупно 71 инвестициски проект од странски компании во Франција, пренесува „Фигаро“.

Значаен дел од оваа сума се однесува на долгорочни проекти, вклучувајќи ги инвестициите на јапонската „Софтбанк“, која најави вложувања од околу 45 милијарди евра до 2031 година, пред сè во развој на дата-центри и дигитална инфраструктура.