Францускиот претседател Емануел Макрон го критикуваше Советот за безбедност на ООН, велејќи дека тој не нуди корисни решенија.
Тој истакна дека една од неговите задачи е да ја зајакне и формира политички силна Европа.
– Ако сакаме да воспоставиме соработка, избалансираните столбови треба да можат да ја обликуваат оваа соработка околу новиот мултилатерализам, т.е. да се води дијалог помеѓу различните сили, неопходен за заеднички одлуки, и тој во моментов е блокиран. Морам да признаам дека денес, Советот за безбедност, не нуди корисни решенија , изјави францускиот лидер за списанието „Греит континент“.
Тој истакна дека е потребно да се преиспитаат формите на соработка и да се модернизираат структурите на организацијата.
