Максим Димитриевски на средба со прилепчани: Најавено регистрирање на граѓанско здружение „За наш Прилеп“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, вчера на покана на група граѓани од Прилеп се сретна со дел од иницијативниот одбор за формирање на граѓанското здружение „За Наш Прилеп“ и ги сподели со нив искуства на граѓанската иницијатива „За Наше Куманово“.

„Во следниот период од нивна страна е најавено регистрирање на вакво граѓанско здружение кое што ќе работи од прилепчани за прилепчани за афирмација на политиките на здружението и подобри услови за живот на сите граѓани во Прилеп и во Македонија. Драги пријатели, храбри луѓе, нека ви е со среќа и успех за вашата идеја да се преточи во реалност“, истакна Димитриевски.