Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој не се смета за исклучен од СДСМ, во изјава за ТВ21 вели дека на овој начин тој нема намера да се кандидира бидејќи како што истакна овој начин не е според Статутот на партијата.
„Има постапка утврдена согласно Статутот. Се одредуваат состаноци на месни организации, општински организации и се даваат предлози, самите предлози потоа ги потврдуваат општинските организации и на крајот, значи се отвора постапка и за самокандидатури, во кои што треба членството да исфрли кандидат а не да пишуваме ние кандидатури со самокандидирање и да се правиме сами претседатели пред време“, вели Димитриевски.