Последните случувања на албанската политичка сцена, амандманите на опозицијата во Собранието и поделбите во ДУИ се веќе очигледни во јавноста.
Групата револтирани членови на ДУИ, велат дека партијата се претопува во СДСМ, па затоа одлучиле да се оградат од субјектот на кој припаѓаат.
Но, аналитичарот Мерсим Максути смета дека политичките фактори треба да седнат и да изнајдат заеднички јазик, бидејќи блокирањето од страна на опозицијата не е правило за демократијата. Во однос на тврдењата за можното претопување на ДУИ во СДСМ, вели дека не верува во ваква теза, но додава дека партијата на интегративците има потреба од реформи.
-Не, никако не можам да ја прифатам оваа теза дека ДУИ се претопува, не може да се претопи, не верувам дека ова може да се случи. Но, очигледно е дека на партијата ѝ се потребни реформи. Луѓето кои со децении придонесуваа за оваа партија, мора да бидат сигурни дека општеството се фаќа за одредени поединци. Тие мора да ослободат простор за реформи и нови луѓе.“, вели Максути.
Максути се осврна и на неодамна објавените кандидатури за градоначалник на Кичево на претстојните локални избори. На овие кандидатури повеќе гледа како на индивидуални желби за станување градоначалник.
-На нив гледам како на индивидуални желби на одредени актери за амбиција да станат градоначалник и искрено не ги сфаќам толку сериозно. Важно е дека Кичево важи за место, за специфична општина во однос на сите други општини. Зошто? Затоа што албанското население тука е позагрозено. Кичево по мнозинство им припаѓа на Албанците и ние не смееме да го загрозиме овој елемент преку кандидатури на одредени поединци кои имаат амбиции да станат градоначалник.-изјави Максути.
Својата кандидатура за локалните избори ја објави Џевдет Спахиу кој изјави дека добил зелено светло од Али Ахмети, како и Фатмир Лимани кој на овие избори настапува како независен кандидат. Лимани во емисијата „Клик Плус“ упати тешки обвинувања на адреса на ДУИ, тврдејќи дека партијата се претопува во СДСМ. Поради тоа, тој, Изет Меџити, Муса Џафери, Садула Дураку и Блерим Беџети се оградија или се оградуваат од службените делувања на ДУИ.
