Мал авион се урна во Финска, едно лице загина, друго тешко повредено

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Едно лице загина, а едно е тешко повредено кога мал авион се урна денес во Џамиарви, на југозападот од Финска, објавува порталот Yle.

Во несреќата загина маж на средна возраст, кој го пилотирал авионот, додека патникот е тешко повреден и однесен во болница.

Авионот го пилотирал Финец, а полицијата нема информации за неговото искуство со летање.