Телата на три лица беа пронајдени безживотни во недела наутро откако мал авион се урна во Тихиот Океан покрај брегот на централна Калифорнија, соопштија денес локалните власти.
Спасувачките екипи беа алармирани доцна во саботата навечер по пријавите за авионска несреќа во близина на Поинт Пинос во округот Монтереј, соопшти американската крајбрежна стража.
Очевидци изјавија дека прво го слушнале моторот на авионот, а потоа и ударот на леталото врз површината на океанот, објави локалната телевизиска станица KSBW.
