И Книжарниците чекаат учениците да се вратат во училишните клупи. Иако останаа уште 10 дена до почетокот на учебната година, во две книжарници во центарот на Скопје не забележавме фреквенција на родители и ученици за купување на училиштен прибор.
Од ова книжарница велат дека и кога граѓаните купуваат, тие ги земаат за да развиваат активности дома.
Најраздвижено беше во оваа книжарница.
Вели дека како книжарница се подготвени без разлика на тоа кога ќе почне учебната година, додава дека неговата ќерка, а и децата кои ја посетуваат книжарницата се радуваат за враќањето во училишните клупи.
Дилемите за тоа дали децата треба да се подготват за одењето на училиште, доаѓа откако надлежните најавија дека учебната година ќе започне на 15 септември, додека Комисијата за заразни болести предложи учениците од прво до трето одделение да одат во училиште, а додека други да продолжат со учење од далечина.
