ВИДЕО: Малата Хилал ја победи болеста – си оди дома здрава и насмеана

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил објави среќна вест за малата Хилал која ја победила болеста и денеска здрава и насмеана си заминала дома.

„Хилал си оди дома здрава и насмеана, среќна дека се избори со болеста! Таа се лекуваше на хематолошкото одделение на Клиниката за детски болести. Во месецот посветен за подигнување на свеста за карцином кај деца и адолесценти, Хилал заминува дома. Септември е “златен” месец, а златната лента е симбол за поддршката на децата болни од рак и нивните родители. Златната боја е боја на храброста и упорноста. Огромна благодарност до детската клиника за неисцрпната сила што ја даваат во третманот на нашите мали, големи херои!“, пишува Филипче.