Укинувањето на анти-ковид мерките на граничните премини би овозможило доаѓање на печалбарите летово во Македонија. А тоа најмногу го посакуваат малите бизниси. Повеќето сопственици на дуќани во Тетово велат дека нивната егзистенција зависи токму од печалбарите и затоа бараат од Владата да овозможи олеснителни мерки за нивното доаѓање.
„Со доаѓањето на печалбарите во Македонија мислам дека бизнисот ќе напредува, сите мали бизниси скоро година и пол се во колапс. Во моментов во Македонија имаат проблеми со финансиите. Економијата во Македонија е зависна од албанските печалбари и тоа најдобро можат да го кажат експертите по економија“.
„Државата треба да креира повеќе нешта за да дојдат печалбарите. Ако не дојдат тие државата нема профит. Тетово, цела Македонија зависи од печалбарите, 50% сите зависиме од нив“.
Официјалните податоци од Централна банка покажуваат дека годинава зад нас иако печалбарите не биле присутни, тие донеле над 1.5 милијарди евра, преку трансфери. Со нивното доаѓање оваа година се очекува да надмине 2 милијарди евра, вели професорот Абдуљменаф Беџети.
„Минатата година поради затворање на државата, но и поради затворање на земјите каде работиме, голем број од нив не дојдоа. Минатата година, според официјалните извештаи на Централната банка, во кои не спаѓаат средствата кои неформално се ставаат во џеб, добивме околу 1.5 милијарди евра во услови на пандемија. Годинава, имајќи ги предвид околностите, треба да надмине 2 милијарди, имајќи предвид дека е за 20 пати повеќе од БДП. Ниту една друга компонента не влијае колку нашата дијаспора за која државата не прави речиси ништо… Честопати ги чека во Сарај за да ги казни, да ги санкционира, иако тие оваа зона, која е доминанта ја одржуваат „во живот““, истакна Абдуљменаф Беџети.
Минатата година, повеќето мали бизниси ставија клуч поради недоаѓањето на печалбарите како резултат на пандемијата. Владата досега подели 6 економски пакети, преку кои се обиде да ја ублажи економската криза и да го спречи зголемувањето на стапката на невработеност. Компаниите, пак се пожалија дека економските мерки не ги опфатиле сите сектори.
