Малите партии ја условуваат Владата – една изборна единица или предвремени избори

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Пратениците на петте помали партии од владината коалиција ја условуваат нивната поддршка за новата влада. Бараат измени н а ИЗ или поточно една изборна единица и тоа да се реализира за три месеци. Лидерот на ДС, Павле Трајанов, смета дека СДСМ ја поддржува идејата за една изборна единица и очекува нивното барање да го поддржат некои од независните пратеници. Ние не уценуваме туку имаме еден услов за поддршка на новата влада на Ковачевски, рече Трајанов за ТВ21.

ДОМ нема дилеми за поддршка на новиот владин состав. “Јас ќе гласам за новата влада“ рече Маја Морачанин, претседател и единствена пратеничка од оваа партија.


Ќе гласам за избор на новиот владин состав, но новата Влада мора да работи посветено и одговорно, и да обезбеди реализирање на програмските приоритети на ДОМ, вели Морачанин.

Од друга страна лидерот на ЛДП, Горан Милевски чија партија има два пратеника, во емисијата Клик Плус на ТВ21 рече дека освен условот за една изборна единица, задоволни се што СДСМ го прифатила барањето за легализација на марихуаната.

ВМРО-ДПМНЕ реагираше барајќи од овие партии да не го поддржат, како што рекоа, криминалот на СДСМ-ДУИ, и ги повикаа наместо слуги да бидат противници на криминалот.


Инаку доколку Собранието на РСМ не ги усвои измените на ИЗ, 6 пратеници најавуваат дека ова значи крај на нивната поддршка за новата влада предводена од Димитар Ковачевски. Пратениците Павле Трајанов од ДС, Маја Морачанин од ДОМ, Моника Зајкова и Боби Мојсоски од ЛДП, Љупчо Балковски од ВМРО-Народна и Б ејџан Иљас од ДПТ потпишаа барање целата земја на биде една изборна зона без пропорционален изборен модел и без праг. Ова барање му го доставија на собранискиот спикер Талат Џафери барајќи што поскоро да се закаже пленарна седница на која ќе се дискутира за предложените измени на ИЗ кои се доставени пред 11 месеци.