Синоќа околу 20:30 часот на улицата „Мајка Тереза“ (поранешна Водњанска) малолетник прегазил доктор.
„На 25.02.2021 во 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Мајка Тереза“ и ул.„Елисие Поповски-Марко“, патничко возило „бмв х6“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 16 – годишник од с.Сингелиќ, скопско, удрило во пешакот Ѓ.Ј.(58) од Скопје“, велат од МВР.
Во незгодата со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, се здобил пешакот.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.
