Малолетниот убиец од „Рибникар“ продолжува да сведочи: Судењето е затворено за јавноста

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Специјалниот суд во Белград денеска продолжува судскиот процес против Владимир и Миљана Кецмановиќ, родителите на момчето кое го изврши масакрот во училиштето „Владислав Рибникар“ на 3 мај минатата година.

Денеска ќе продолжи распитот на малолетниот убиец кој се согласи да сведочи во постапката против неговите родители.

Судењето како и минатиот пат ќе биде затворено за јавноста.

Малолетниот К.К. минатата година изврши масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“ и уби девет ученици и обезбедувањето на училиштето, пишува Нова.рс.

На последното судење тој првпат се сретна со семејствата на жртвите, но и со родителите во судницата на Специјалниот суд во Белград. Тоа беше првпат да ја напушти болницата во која се наоѓа од времето кога го изврши масакрот и сведочеше во постапката против неговите родители.