Манчестер Сити повторно шампион на Англија, Интер го доби Скудетото во Италија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Екипата на Манчестер Сити со победата над Вест Хем во последното коло од англиската Премиерлига, се закити одново со титулата, и со тоа влезе во историјата како прв тим кој успеал четири пати последователно да стане шампион на Англија.

На „граѓаните“ им требаше победа во последното коло, и ја остварија над Вест Хем со 3-1. Два гола постигна Фоден, еден Родри, додека за Вест Хем погоди Кудус.

Арсенал беше исто така во игра за титулата и играше дома со Евертон. „Топчиите“ победија со 2-1, но не стигна позитвна вест од Манчестер, односно Вест Хем не требаше да загуби, за Арсенал да слави.

Лутон, Барнли и Шефилд Јунајтед испаднаа од Лигата. Во Лигата на шампионите покрај Манчестер Сити и Арсенал, одат и Ливерпул и Астон Вила.

Во Италија, пак, Интер ја доби титулата освоена пред неколку кола. Денеска „нероазурите“ го играа последниот домашен натпревар во шампионатот, а потоа следуваше големо славје. Ова беше 20-то Скудето за фудбалерите на Интер.