Манчестер Сити, Реал Мадрид, ПСЖ и Челзи во полуфиналето во Лигата на шампионите

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Денеска беа комплетирани сите учесници во полуфиналето во Лигата на шампионите. Манчестер Сити и на реваншот ја совлада екипата на Борусија Дортмунд, и обезбеди полуфинале. Иако имаше негатива по првиот дел, и резултат за елиминација, сепак, во второто полувреме направи пресврт и дојде до победата.

Полуфинале обезбеди и Реал Мадрид кој благодарение на победата од првиот меч против Ливерпул, се најде меѓу најдобрите четири тима во Европа.

Вчера во полуфиналето се пласираше и ПСЖ, кој загуби од Баерн 0:1, но оди понатаму благодарение на победата од 2:3 во Минхен. Челзи исто така загуби со 0:1 од Порто, но оди понатаму поради победата од 2:0 во првиот меч.

Полуфиналните двојки се ПСЖ – Манчестер Сити и Реал Мадрид – Челзи.