Манчевски за Призма: Нема да има повеќе државни пари за изборни реклами

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, во интервју за „Призма“, истакна дека повеќе ќе нема државни пари за изборни реклами. Тоа ветување било уште пред минатите парламентарни избори, но не било исполнето поради отпор од останатите политички партии.

„Разговаравме на оваа тема, и немаше поддршка во собранието. Имаше отпор од другите политички партии“, рече Манчевски.

Тој вели дека пред престојните избори не е можно да се смени ова, бидејќи не може да се смени Изборниот законик.