Манифестација на скопскиот плоштад, 114 години од раѓањето на „Мајка Тереза“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

За 114-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза, на скопскиот плоштад се одржа четвртото издание на традиционалната културно-научна манифестација „Светлината на Гонџе“, во организација на Институт за духовно населдство на албанците.

На овој настан присуствуваше и премиерот Мицкоски, кој во своето обраќање рече дека треба да се следи примерот на скопјанката „Мајка Тереза“ која го промени светот помагајќи им на сиромашните.

Директорот на ИДКНА, Скендер Асани, рече дека Мајка Тереза го изградила својот имиџ во светот како хуманист, бришејќи ги верските и расните граници.

Ние како институт, преку посебни публикации но и преку културни и научни активности во рамките на секторот за проучување на духовното наследство на Гонџе Бојаџиу, „Мајка Тереза“, единствено од ваков вид во светот, успеавме да ги создадеме потребното растојание на пристап до овој лик, ослободувајќи ја од тесните рамки на националната припадност за да се пренесе вниманието на поширок спектар на набљудување на овој лик, вели Скендер Асани, директор на ИДКНА.

Четвртото издание на манифестацијата се совпаѓа со 114-годишнината од раѓањето и 27-годишнината од смртта на Мајка Тереза. Инаку, вечерва во КИЦ ќе се одржи концерт со класична музика.