Маричиќ: Ќе нема ветинг, но ќе има прочистување на добри и лоши кадри

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бојан Маричиќ, министерот за правда е гостин во „Клик Плус“ на ТВ21. Разговараме за судството, и го прашавме дали ќе има ветинг, и што е потребно за подобро судство.

„Имаме методологија за оценување, кое треба судскиот совет да ја усвои, методологија за сложеност на предметите, исто така етички кодекс, правилник за однесување. Има повеќе елементи кои се ставени на маса“, изјави Маричиќ.

Тој не се согласува со коментарите дека ништо не е направено во судството, и дека ќе нема ветинг во судството, но ќе има прочистување.

„Во овие три години ги почнавме процесите, и мислам дека не е чесно да се каже дека ништо не е направено, мислам дека имавме ситуација судството зарабено. Да не заборавиме дека претседател на Врховен суд беше дел од минатито ситем. Сите тие луѓе веќе не се дел од системот. Ќе нема ветинг, но ќе има прочистување на добри и лоши кадри“, најавува Маричиќ.

Целата изјава низ видео: