„Најголемиот дел од попишувачите се самопријавени на огласот. Го продолжувавме повеќе пати, а еден ограничувачки фактор е што во законот стои дека попишувачите мора да бидат невработени, односно да не бидат во постојан работен однос, така што многу малку беа заинтересирани на самиот почеток. За среќа имавме можност да направиме посериозна и подолготрајна кампања и со одложувањето на пописот ни се овозможи повеќе време, така што дојдовме до бројката на 5 илјади и нешто попишувачи пријавени“, истакна министерот за правда Бојан Маричиќ во емисијата „10 Минути“ на ТВ21.
Тој вели дека во некои населени места фалат попишувачи, но тие ќе бидат надоместени преку лицата кои се ангажирани преку договор на дело во институциите.
На прашањето за тоа дали се знае отприлика колкава е таа бројка, министерот вели дека се работи за неколку стотици лица.
Во продолжение целата изјава:
