Маричиќ: Треба да се стави јасно до знаење дека почнувањето на преговори е стратешки интерес за ЕУ, не само за нас

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека треба да се стави јасно до знаење дека почнувањето на преговори е стратешки интерес за Европската Унија, не само за нас.

Тој додава дека потребно е лидерство од страна на ЕУ и реакција со цел тоа ниво на ентузијазам да се одржи и зголемува во наредниот период.