Марковски: Ние цело време позитивните ги кажувавме болни, си направивме проблем врз економијата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вело Марковски во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека сме направиле голема грешка што оние со позитивни тестови ги прикажувавме како болни од Ковид-19, и со тоа нанесовме голема економска штета.

Тој смета дека во месеците август и јули прикажувавме по 300-400 болни, а биле само 20-30.

„Оваа метода не покажува болест. И тука имаме проблем, и ние позитивните ги покажувавме како болни, и си направивме огромна штета врз економијата. Ги затворија границите ги затворија, затоа ги кажувавме по 300 по 400 болни, а тие беа само позитивни. Во тие месеци имавме само по 20-30 болни“, смета Марковски.