КРИСТИЈАНО РОНАЛДО веројатно се збогуваше засекогаш од Мундијалот со поразот на Португалија од Мароко во четвртфиналето со 1-0. Легендата на светскиот фудбал за само неколку недели остана без клуб, место во стартниот состав на репрезентацијата, а сега и сонот за освојување на светскиот шампионат.
Дополнително на сето тоа, синоќа двапати му се нафрлија навивачите, а еден марокански бисер поради неговата глупост пропушти да биде сведок на историскиот подвиг на неговата репрезентација.
Додека Роналдо по полувремето се враќал од соблекувалната на клупата, еден марокански навивач го полил со вода од шише, а обезбедувањето веднаш го избркало од стадионот.
What the fuck is wrong with people?!?!
— Football Report 🕊☮️🌍🌎🌏Forza 🇲🇦 #BerhalterOut (@FootballReprt) December 10, 2022
A fan threw water onto Cristiano Ronaldo, and has rightfully been escorted out of the stadium.pic.twitter.com/Y30OQprkcS https://t.co/jyUanOe64Z
По завршувањето на натпреварот можеше да дојде до поголем инцидент бидејќи еден навивач истрча на теренот и се упати кон Роналдо, но обезбедувањето го пресретна пред да дојде до контакт.
Не се знае какви биле намерите на натрапникот на теренот, но Роналдо често во кариерата ги спречуваше стјуардите за да се збогува со љубителите на трчањето. Овој пат не беше расположен за такво нешто, а навивачот не делуваше добродушно како мало момче кое сака селфи.
