Мартин Јовановски имал 24 години кога на своја рака почнал да користи лекови против депресија. Потоа такви лекови му препишал и психијатар, терапија која ја користел 3 години со различни дози. Еден ден се изморил од нив и ги фрлил.
Ова е четвртата година по ред без антидепресиви, но доколку Мартин, кој сега има 31 години, нашол сила да направи таков чекор, многу други се уште продолжуваат да ги користат. Податоците на Фондот за здравство ја покажуваат бројката на издадени рецепти за антидепресиви и лекови за смирување.
„Од 2018 до 2020 бројот расте. Најголем раст имало минатата година, кога почна пандемијата. Само во 2020 се издадени 504 280 рецепти за антидепресиви. Доколку овој број се подели со 12 месеци, бидејќи еден пациент зема рецепта секој месец, тогаш излегува дека во 2020 година антидепресиви користеле над 42 023 граѓани. Бројката е многу поголеми за анксиолитици. Во 2020 година се издадени 2 296 827 рецепти, поделено со 12 месеци, излегува дека околу 191 402 граѓани користеле лекови за смирување.“, покажуваат податоците на ФЗО кои ги обезбеди ТВ21.
Психологот и психотерапевтот, Тиана Ивановска, смета дека овие бројки се многу високи.
Освен предрасудите кои постојат за психолозите и психотерапевтите, друга причина поради која луѓето користат антидепресиви е и високата цела за терапија со разговор.
И Мартин вели дека не е лесно да се направи таков пресврт, но сега тој ја наоѓа силата во желбата да не се врати назад.
