Машка панда од зоолошка градина во Јапонија наполни 38 години

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Мажјак џиновска панда, кој се смета за најстариот примерок на овој животински вид во светот, кој во заточеништво по природен пат оствари потомство, наполни 38 години во јапонската зоолошка градина каде што живее.

Неговата возраст во „човечки живот“ би значела дека тој има над 80 години.

Мажјакот по име Ејмеј во зоолошката градина во јапонската префектура Вакајама пристигна од Пекинг во 1994 година и оттогаш тој доби 15 потомци, од кои 11 беа префрлени во Кина, домот на џиновските панди.

Ејмеј за подарок добил ледена торта и украси изработени од 28 стебленца од бамбус, што треба да симболизира здрав и долг живот.