Маж пронајден починат во базен во двор од куќа во Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 28.06.2026 во 18:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош, во базен во двор од куќа, бил пронајден починат М.Ј.(58) од Скопје, велат од МВР.

„Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.

Извршен е увид, а по насоки од јавен обвинител телото на починатиот е предадено во судска медицина за обдукција“, додаваат од МВР.