Трагедија утрово ја потресе Битола. Полицијата информираше дека лишиле од слобода 33-годишен битолчанец под сомнение дека ја нападнал и ја усмртил својата 31-годишна сопруга, која од убодите починала на место.
„Денеска (14.05.2026), полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.Р.(33) од Битола. Тој се сомничи дека утрово околу 06:40 часот со нож ја нападнал неговата сопруга А.В.(31) од Битола, со која не живееле заедно, а која од здобиените повреди починала на местото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.
