Шпанската серија околу Килијан Мбапе продолжува… Францускиот репрезентативец минатата година ја одби понудата на Реал Мадрид и потпиша нов двегодишен договор со Пари Сен Жермен. Во договорот има опција за продолжување на соработката, но Французите ја одбија, поради што тој влезе во отворена војна со челниците на „светците“.
На Мбапе му беше дадена опција следната година да ја помине на трибините или веднаш да биде продаден. Многу клубови сакаа да го ангажираат, но малкумина имаат средства или се подготвени да ја платат отштетата што се бара за него. Парите не се проблем за клубовите од Саудиска Арабија, па Ал Хилал испрати понуда од 300.000.000 евра во Париз, а на Мбапе му понуди уште 700.000.000 за две години.
Се чинеше дека се е подготвено за најголемиот трансфер во историјата на фудбалот, но вечерва „Екип“ пренесува дека Мбапе ги одјавил Саудијците. Очигледно Французинот никогаш не ни размислувал за понудата да ја напушти Европа.
Одлуката на Мбапе повторно да не тргне по патот на Ал Хилал значи „војна“ во Париз. Челниците на клубот не го сакаат на теренот, Луис Енрике не е задоволен од таа одлука, Мбапе не делува премногу „загрижен“, а Флорентино Перез, првиот човек на Реал Мадрид задоволно ги трие рацете бидејќи се навестува дека следната година бесплатно ќе го добие најдобриот фудбалер на денешницата.
