Меџити: АА е на линија со албанската опозиција – „не преземајте на себе нешто што некој друг го правел 20 години“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Алијанса за Албанците треба да се придружи на опозицискиот фронт, а не да превзема се што правеше некој друг 20 години. Ова го изјави лидерот на опозициското Демократско движење, Изет Меџити, кој вели дека не се сретнал со лидерот на АА, Арбен Таравари, но според него, постапките на оваа партија покажуваат дека партијата е во согласност со Албанската опозиција.

„По интервјуто и по изјавите на господинот Таравари, се гледа дека и Алијансата за Албанците и за Законот за игри на среќа во Европската комисија биле на линија со албанската опозиција, дури и во ставовите што ги имаше во последното интервју , значи има опозициски ставови и мислам дека е моментот да се направи чекор, да се направи моќна опозиција, моќна кауза и да се врати надежта кај младите“, вели Изет Меџити.

Од друга страна, Арбен Таравари, првиот човек на АА, пред неколку дена го коментираше повикот на Фатмир Лимани од Движење Беса за АА да се приклучи на опозицискиот фронт.

„АА е автономна и сериозна партија, одлуките ги носи во партиските структури, по анализите што ги прави и врз основа на волјата на членството. Во едно сум повеќе од сигурен, дека соработките не се прават со телевизиски дебати и јавни покани“, вели Арбен Таравари.

Меџити оценува дека е време да се направи моќна опозиција, бидејќи според него дури и Алијанса за Албанците има опозициски ставови.