Првиот вицепремиер Изет Меџити изјави дека „Европскиот фронт ја пополнува американската листа, додека за бегството на Артан Груби, кој пред неколку дена беше прогласен за „нон грата“, Меџити рече дека тој не е во Косово, туку во Албанија и како што вели, со бегството ја докажал вината.
„Мислам дека тоа е должност на органите на прогонот, тие ќе поднесат меѓународна тужба преку Интерпол. Според информациите не е во Косово, тој е во Албанија. Но, тоа не е важно, со бегството тој ја докажал вината и затоа побегнал од државата. Мислам дека денес, утре или задутре тој еден ден ќе се соочи со правдата“, изјави Меџити во Ора вести.