Бројот на загинати во тешката сообраќајна несреќа во Бразил се искачи на повеќе од 30

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бројот на загинати во тешка сообраќајна несреќа во бразилската држава Минас Жераис се искачи на повеќе од 30, соопшти денеска локалната противпожарна служба.

Претходно беше соопштено дека во несреќата загинале 22 лица.

По расчистувањето на местото на несреќата на главниот автопат во близина на градот Теофило Отони во Минас Жераис, противпожарната служба процени дека загинале меѓу 32 и 35 лица, меѓу кои и едно дете, пренесе Ројтерс.