Во врска со изборот на Влада со Бадентерово мнозинство, Изет Меџити изјави дека не е убеден оти тоа е најдоброто решение, но додаде дека може да се разговара како идеја и темелно да се анализира со експерти од областа.
Меџити во „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека „изборот на Влада со Бадентер не значи факторизација на Албанците, туку факторизација на неМакедонците“, што, како што нагласи, треба внимателно да се промисли, имајќи предвид дека во минатото имало пратеници кои некогаш се изјаснувале како Македонци, некогаш како Власи, а некогаш како припадници на други заедници.
