Вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 гостуваат разрешените министри Фатмир Меџити и Азир Алиу.
Со нив се и аналитичарите Бесим Небиу и Сефер Селими.
Говорејќи за причините за разрешувањето, Меџити истакна дека добива многу пораки од граѓаните во однос на сработеното како министер за здравство.
„Се обидовме да дадеме се од себе овие 11 месеци. Можеме ли подобро? Нормално дека можеме“, порача Меџити.
