Меџити: Груби не може да избега, ќе дојде ден кога ќе треба да се соочи со правдата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Првиот вицепремиер Изет Меџити во „Дејли Клик“ на ТВ21 рече дека има отстапки од полицијата и царината при напуштањето на Артан Груби од земјава.

„Имаше пропуст од царинската полиција.“, рече Меџити.

ТВ21: Дали мислите дека ова беше бегство од правдата, затоа што имаше статус дека заминал од семејни причини и дека е чист како солза.

Меџити: Го видов статусот, но и натаму е далеку од правдата.

ТВ21: Сакаше да избега?

Меџити: Во секој случај не може да избега, ќе дојде ден кога ќе треба да се соочи со правдата