реклама

Меџити ќе ги укине економските директори: „Политичките притисоци воопшто не ме интересираат“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

реклама

Од 1 јануари 2024, Клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје се очекува да функционира само со еден генерален директор а ќе се укинат сите директори назначени во другите клиники од Центарот. Меџити рече дека овој систем функционирал пред 20 години во земјава и бил ефикасен, затоа ќе се врати повторно.

Меџити едвај чека да ги разреши од функција и организационите директори или во јавноста познати како економски директори. Меџити рече дека повеќето од нив до сега работеле со загуби и не знаат што работат.

Вообичаено на овие директорски позиции беа поставувани партиски кадри, но Меџити вели дека не го интересираат можните притисоци што можат да следат по ваквата одлука.

Меџити измените во Клиничкиот центар ги оцени како добра постапка која ќе донесе подобра здравствена услуга и поголема функционалност за здравствените работници.

реклама

реклама
реклама
реклама
реклама
реклама