Претседателот на Демократско Движење, Изет Меџити вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 порача дека смета оти функцијата Претседател на Собрание веќе е завршена работа.
Тој вели дека се уште траат преговорите.
„Се уште траат преговорите, не се затворени. Приоритет беа програмите, економијата, инвестициите, но мислам дека местото претседател на Собрание му следува на ВЛЕН и тоа е завршена работа“, вели Меџити.
