Членовите на Огнената Група не се поделиле, туку имаат различно мислење во врска со конечното отцепување од ДУИ и формирањето на ново политичко движење. Вака изјави за ТВ21, Изет Меџити, коментирајќи ја вчерашната фотографија која ја објави од Гостивар, каде не беа присутни Блерим Беџети, Муса Џафери и Невзат Бејта.
„Со другарите разговараме, контактираме, но имаме разлики. Кога влеговме во оваа работа, влеговме навистина а не за да играме. Ги кажавме забелешките и нашите критики за тоа што беше интуиција и за тоа што видовме дека оваа извршна власт и го губи патот на ДУИ и дека го дефокусира ДУИ од целите и идеалите. За да бидеме искрени, ниту јас ниту пријателите не сме предвиделе дека ДУИ отишла толку далеку“, вели Изет Меџити.
Меџити вели дека различното мислење во ДУИ имаше политички последици. Истакна дека сите кои имаа исто мислење со Огнената Група се разрешени од функциите во Централното раководство, ограноците на ДУИ и смета дека сега е моментот да се продолжи битката, или да се откажат и да одат дома. Во врска со посетата во Гостивар и именувањето на координатори, Меџити рече дека тоа е порака дека силни продолжуваат по патот по кој тргнале.
„Овие тројца пријатели се уште мислат дека можеме да функционираме како фракција во ДУИ, а јас и другите, Висар, тие кои беа вчера во Гостивар но и во другите градови мислиме дека цената е платена, има политички жртви кои ја исплатија цената и сметаме дека сите врати во ДУИ се затворени, така да треба да отвориме нов пат и сериозно мислиме за отворање на ново политичко движење кое ќе го артикулира и ќе биде гласот на Албанците на Македонија во опозицијата“, додава Изет Меџити.
Меџити е оптимист дека Џафери, Бејта и Беџети имајќи ги предвид политичката ситуација и околности ќе се уверат дека се исцрпени сите можности внатре ДУИ и ќе му се придружат во патот по кој тргнаа заедно. Инаку од посетата во Гостивар, едногласно беше одлучено координатор за Гостивар да биде екс претседателот на огранокот на Гостивар, Башким Хасани, координатор за Чаир изборна единица 1 да биде Висар Ганиу и за изборна единица 2 да биде Бесим Кока.
