По повод почетокот на новата учебна година, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, го посети ООУ „Хасан Приштина“, каде им го честиташе 1 Септември на учениците.
Меџити информираше дека годинава основните училишта во општината ќе бидат опремени со 1.600 нови столчиња и 800 нови клупи. Според него, заедно со донацијата од минатата година, досега се обезбедени вкупно 2.000 столчиња и 1.000 клупи, со што е обновено околу 60 отсто од училишниот инвентар.
Тој ѝ се заблагодари на компанијата „Ефтинија“ за донацијата, а на учениците им биле поделени и пакети со училишен прибор.
