Меџити со критики за Европскиот фронт – „Ахмети ја предаде војната во албанскиот кампус“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На шефот на Демократското движење Изет Меџити не ме се верува дека двајцата жестоки противкандидати на политичката сцена Али Ахмети и Мендух Тачи потпишале договор за заедничко учество на парламентарните избори. Според Меџити, сите што ја виделе фотографијата од соработката меѓу Ахмети и Тачи, се потсетиле на 2008 година, кога, како што вели, многу семејства настрадале, па дури и имале жртви од судирите меѓу гласачите и полицајците. Во тоа време на власт беше ДПА со Мендух Тачи на чело.

„Знам за  случаи, особено од Чегране, каде што се во затвор и се осудени за полнење кутии за злоупотреба во текот на изборниот процес. И ние и тие бевме актери во тој процес каде од едната страна водеше Али, а од другата Мендух и денес без трошка срам си подадоа рака за коалиција и го нарекуваат европски фронт со сите овие последици што ги оставија албанските семејства, жртвите Албанци и сите кои настрадаа во овој процес“, вели Изет Меџити.

Освен со Тачи, Ахмети коалицираше со ЕДП, со Народно движење, но и со неалбански партии. Со Сојузот на Ромите на Курто Дудуш и со Турската демократска партија на Бејџан Иљас. За Меџити ова е знак дека Ахмети и ДУИ ќе ги загубат изборите и затоа спас бара од малцинските партии.

„Али Ахмети ја предаде борбата на албанскиот кампус. Тој во дебатите на ТВ21 и во други дебати кажа дека не седнува со злобници, а сега ги собира злобниците. Второ, постојано апелира да се обедини албанската опозиција, да се формираат два албански табора, да победат Албанците, да не гори албанскиот глас. И во моментот кога се приклучи албанската опозиција, тој го напушта националниот кампус и влегува во граѓанскиот концепт“, вели Изет Меџити.

-Што сакаш да кажеш со тоа што преминува во граѓанскиот концепт?

„Тоа е легитимно, но тој се обидува губењето на гласови кај Албанците да го покрие со гласовите на малцинствата, со гласовите на некои фракции и помали партии“.

Според Меџити, овој европски фронт е обединет само за лични и политички интереси и не обединува идеали. Како што вели, веднаш откако ќе ги загубат изборите нема да поминат ни 24 часа заедно и ќе се разделат.