Меџити за Европскиот фронт: Изморени се – не очекува протест од опозицијата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Владата ја враќа железната ограда. Вицепремиерот Изет Меџити прашан дали очекуваат протести од Европскиот фронт, тој одговори:

Спомнавте протести, очекувате ли протести од ЕФ пред владата?

Тие се изморени.

Според Меџити, оградата е неопходна, бидејќи без неа полицајците се оптоварени со дополнителна работа.

Оградата е таму, наместо полициските сили постојано да чуваат бидејќи има протести, тие се оптоварени со работа и кога треба и кога не треба. Луѓето од редот што треба да го чуваат редот, треба да се ослободат од обврските затоа што треба да го одржуваат редот на граѓаните, а не само на Владата“, вели Изет Меџити.

За повторното враќање на оградата претходно реагираше Арбр Адеми од ДУИ.

Оградата е поставена бидејќи Владата е свесна дека ја има само легитимноста на Македонците и на овој начин се обидува да ги заштити избраните вазали на ВМРО од албанскиот народ“, вели Арбр Адеми.

Оградата беше поставена во 2015 година кога зградата доби барокна фасада која чинеше околу 700.000 евра. Во 2017 година, кога СДСМ дојде на власт, а Зоран Заев стана премиер, оградата беше отстранета, со цел Владата, како што рекоа, да биде отворена за граѓаните. Оградата беше отстранета во февруари 2019 година, но само металниот дел, а останаа столпчињата, бидејќи беше прескапо да се отстранат. Владата на Заев тогаш тврдеше дека од железната ограда ќе се направат клупи, но тоа не се случи.