Поранешната прва дама на Америка, Меланија Трамп, оваа есен објавува мемоари наречени Меланија. Тоа се нејзини први мемоари и ќе бидат објавени на 1 октомври, пред претседателските избори.
Во оваа прилика Меланија проговори на Х и рече дека е време за нејзината „приказна, перспектива и вистина“.
„Пишувањето на овие мемоари беше длабоко лично и промислено патување за мене“, рече таа во објавеното видео.
My Story.
— MELANIA TRUMP (@MELANIATRUMP) September 5, 2024
My Perspective.
The Truth. https://t.co/ZCTwZSqZND pic.twitter.com/HHGQaA6d5v
„Како многу приватно лице, често сум била предмет на јавно судење и погрешно претставување, па чувствувам одговорност да ги разјаснам фактите. Верувам дека е важно да ја споделам мојата перспектива: вистината“, додаде таа.
На објавеното видео Меланија гледа во камерата и зборува, а на моменти се прикажуваат и сцени од нејзиното престојување во Белата куќа.
Во јули Меланија објави дека објавува мемоари. Нејзината канцеларија ги опишува како моќна и инспиративна приказна за жена која го трасирала својот пат, ги надминала сите неволји и ја „дефинирала личната извонредност“. Книгата, како што се наведува, е полна со лични приказни и семејни фотографии кои таа до сега не ги споделила со јавноста.