Мерџановски: Скокањето во плитка и непроверена вода може да предизвика траен инвалидитет

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На Клиниката за ТОАРИЛУЦ годинава нема примено пациенти со тешки повреди од скокање во плитка вода, освен момчето кое се повреди во Турција, информира директорот д-р Игор Мерџановски.

Тој нагласи дека превентивните кампањи за безбедно однесување треба да продолжат, особено меѓу младите, но и кај родителите.

Мерџановски апелираше да не се скока во базени и непроверени води, а доколку се практикуваат вакви активности, тоа да биде исклучиво во контролирани услови и под стручен надзор.

Според него, ваквите несреќи најчесто предизвикуваат тешки повреди на вратните пршлени и ’рбетниот мозок, кои се меѓу најсериозните трауматолошки повреди. Во најголем број случаи тие се неповратни и можат да остават траен инвалидитет.