Мерката забрането групирање не се почитува: Семејна веселба во Охрид и свадба во Скопје направиле големи проблеми во ширењето на коронавирусот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска истакна дека семејна прослава во Охрид и свадба во Скопје направила голем проблем околу ширењето на коронавирусот.

„Во Охрид на семејна прослава со околу 200 присутни, има 8 потврдени случаи, и 40 лица се во изолација.

На свадба во Скопје со 100 луѓе, има неколку потврдени случаи. Голем проблем во овој случај за епидемиолозите им создава несоработката на тие лица кои биле на оваа веселба во Скопје“, рече Филипче.